| |

Д-р Сашко Кедев, првиот Македонец кој ги искачи сите врвови над 8.000 м. во светот

Д-р Сашко Кедев го оствари најголемиот успех во историјата на македонскиот алпинизам. Тој утрово се искачи на врвот Гашербрум I (8.080 метри) во Пакистан и со тоа го комплетираше искачувањето на сите 14 планински врвови повисоки од 8.000 метри.

Кедев беше дел од меѓународната експедиција G1, предводена од реномираната агенција „Имеџин Непал“. Во тимот, покрај него, беа и Ванг Жонг од Кина, како и непалските алпинисти Дава Гјалје Шерпа и Нгима Нуру Шерпа.

„Со ова успешно искачување, д-р Кедев го означува завршувањето на сите 14 осумилјадници – историски прв за Македонија!“, стои во објавата на експедицијата.

Со овој подвиг, Кедев се вбројува меѓу малкуте алпинисти во светот што го имаат постигнато истиот резултат. Освојувањето на сите 14 осумилјадници важи за еден од најголемите предизвици во светот на алпинизмот.

Д-р Кедев досега има реализирано бројни успеси во високогорското планинарење, а овој последен искачен врв претставува круна на неговата алпинистичка кариера.

Слични Објави