|

Новинарката Љиридона Вејсели казнета затоа што го именувала судијата

Новинарката и уредничка на порталот paCensure, Љиридона Вејсели, поднесе жалба до Апелацискиот суд против пресудата со која е казнета со 700 евра за кривично дело „злоупотреба на лични податоци“, бидејќи во новинарски текст и видео прилози го објавила името на судија од Основниот суд Тетово.



Станува збор за судијата Назиф Иљази, кој донел судска одлука со која лице обвинето за испраќање порнографски содржини на малолетничка било осудено на само три месеци затвор.

Вејсели оценува дека станува збор за опасен преседан и директен напад врз слободата на медиумите.

„Бев казнета само затоа што го спомнав името на судија – носител на јавна функција. Ако новинарите не смеат да ги именуваат оние што носат одлуки, тогаш ова не е демократија, туку систем на заплашување“, изјави Вејсели за МИА.

Казнета за објавување на име на јавен функционер

Со пресуда од 12 јануари 2026 година, судијката Магдалена Мишоска од Основниот суд Гостивар ја прогласила Вејсели за виновна, бидејќи на ТикТок и Инстаграм објавила видеа во кои го спомнала името и презимето на судијата Назиф Иљази, без негова согласност, што според судот претставувало „нарушување на неговиот углед“.

Во образложението се наведува дека судијата Иљази повеќе од 37 години е активен во правосудството и дека објавата му нанела штета во неговата професионална дејност.

Новинарката тврди: Казната е одмазда

Вејсели, која има 12 години новинарско искуство и е предавач по новинарство на Државниот универзитет во Тетово, смета дека пресудата не е случајна.

Таа наведува дека во изминатиот период објавила и текст за случај во Гостивар во кој возач ослободен откако прегазил малолетник, што според неа дополнително ги засилило притисоците врз неа.

„Секојдневно ме заплашуваат со тужби. Во Тетово и Гостивар новинарите не се добредојдени во судовите. Ова е обид да се замолчи јавноста“, вели Вејсели.

АВМУ и премиерот остро реагираат

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) ја оцени пресудата како опасен сигнал за медиумските слободи.

„Кривичното гонење новинари за објавување податоци за носители на јавни функции е директен притисок врз медиумите и го ограничува правото на јавноста да биде информирана“, соопшти АВМУ.

Слични Објави