(видео) Петра Лукароска – Промоција на програмата на СДСМ и коалицијата
Програма заснована на 4 столба, во која главно место има граѓанинот.
„За таа цел нашите 4 столба кои ги ставивме во програмата се функционален и безбеден јавен простор во кој обрнуваме внимание на хигиената во градот, на дивите депонии, куќњата скитници. Вториот столб е чиста и здрава животна средина со засадување на многу садници, средување на депониите во околината, хигиената на градот исто така треба да ни биде средена, а ќе бидат поставени и фотоволтаици на објектите во сопственост на Општината. Општината по мерка на граѓаните во која што стои Општината ќе функционира отворено и транспарентно, без барикади, каде граѓаните ќе можат да ги добиваат сите потребни информации кои ги им требаат. Фондови за поддршка за млади, поддршка за земјоделци, поддршка за самохрани родители. Во четвртиот столб, младите во фокусот, да имаме младински културен центар, да имаат функционален младински сојуз со буџет кој ќе функционира за младиот кој досега го немавме, да има старатели за претприемачи и едукација на млади за да можеме младите да ги задржиме тука.
Покрај овие 4 столба кои ги имаме во програмата, ние се задржуваме и на инфраструктурни објекти кои и тоа како ќе го подобрат квалитетот на живот на граѓаните во Прилеп, младите ќе сакаат да останат тука и да го градат својот дом.
Еден од основните и главни капитални проекти е паркинг простори над градската река кој ќе има капацитет од 100 возила.
Вториот капитален проект ни е Топташ Скајпарк, што ќе биде со површина од 1 милион метри квадратни, каде ќе има вело патеки, мото крос патеки, простор каде семејствата ќе можат да се рекреираат, да се забавуваат.
Третиот е младински културен центар каде младите ќе можат да ги остваруваат своите цели, каде ќе можат да се дружат, каде ќе има нивна преквалификација ако е потребно итн. Друг проект ни е обнова на планинарскиот дом „Дервен“, каде планинарите како во старите добри времиња ќе можат да ги одржуваат оние планинарски тури, каде ќе има пешачење, а ќе има и параглајдинг полетиште.
Уредување на градската река и Дабничкиот канал, каде ќе се поплочи речниот корито, да имаме клупи, велосипедски патеки покрај кејот на Дабничкиот канал. Имаме 3 нови велосипедски патеки кои ќе ги поврзат постоечките велосипедски патеки во градот. Една од проектите можат да се одржуваат енергија со поставување на фотоволтаици на објектите во надлежност на Општината.
Пристојни гробишта затоа што таму немаме паркинг простори, немаме уредени патеки, патот околу гробиштата е исто така макадам и не е среден. Имаме и други проекти по барање на граѓаните, со разговори со нив, нивни предлози, нивни идеи, имаме проекти за секоја урбана заедница и за секое населено место“, додаде Лукароски.



