Влатко Стефановски му го подари албумот „London Sessions“ на кралот Чарлс!
Еден од најценетите гитаристи од овие простори, Влатко Стефановски, ја имаше честа лично да се сретне со кралот Чарлс III, на кој му го подари својот актуелен албум „London Sessions“, издаден од Croatia Records. Со тоа, Стефановски стана единствениот музичар од овие простори кој имал лична средба со британскиот монарх.
Албумот „London Sessions“, објавен на CD и тројно LP издание, е снимен во легендарното студио Abbey Road 3 во Лондон. На него, покрај Стефановски, свират и неговиот син Јан Стефановски на тапани и Тихомир Хојсак на електричен контрабас. Снимањето и продукцијата ги водел Горан Мартинац, со асистенција на Ед Фарел и Лија Морис, додека Шон Меги, добитник на Греми за „Mono Box Set“ на „Битлси“, го изработил завршниот lacquer cut.
Музиката на Влатко Стефановски, снимена во легендарниот Abbey Road, веќе е дел од колекцијата на кралот.
фото: Фајсбук Jugoton Croatia Records



