ПРАВЕДНА И ЗЕЛЕНА ТРАНЗИЦИЈА ВО БИТОЛА
Младинскиот културен центар – Битола во соработка со Локалниот економско-социјален совет на општина Битола (ЛЕСС Битола) организира јавна дискусија на тема „Праведна и зелена транзиција во Битола“ во рамките на програмата за одбележување на „4 Ноември“.
Настанот ќе се одржи во петок, 1 ноември 2024 година од 12 часот во хотел Милениум, Битола.

Јавната дискусија на оваа тема е организирана поради актуелноста а со цел да се развие активна дискусија меѓу граѓаните, да се извлечат заклучоци и решенија за општина Битола кои заеднички би ги адресирале до донесувачите на одлуки.