|

GENERALKA WEEKEND 2025 – Прилеп

Денес успешно се одржа акцијата GENERALKA WEEKEND во Прилеп, во организација на Општина Прилеп и со поддршка од неколку општествено одговорни компании и институции. Во акцијата учествуваа ученици од основните училишта, општинската администрација, како и дел од колективот на ЕВН, кои го чистеа просторот околу вештачкото езеро – една од најпопуларните излетнички локации за прилепчани. Се собра голема количина отпад, главно резултат од првомајските излети, што уште еднаш потврдува колку е важно одржувањето на чистотата и грижата за природата. Покрај езерото, беа исчистени и неколку диви депонии во пошироката околина на Прилеп, во координација со Општина Прилеп и ангажманот на повеќе компании со силно чувство за општествена одговорност.

Како дополнителна мотивација, за секои 10 килограми собран отпад, Министерството за земјоделие и Национални шуми ќе обезбедат по едно дрвце кое ќе биде засадено во наредниот период. Прилеп уште еднаш покажа дека заедно можеме да создадеме почиста и позелена животна средина.

Слични Објави