(видео) По 9 месеци блокадите повторно активнирани – „Спас за Прилеп“ не се откажува
Вчера, по девет месеци застој, камионите на „Бехтел и Енка“ се обидоа да се вратат на терен со полициска придружба, но локалните жители реагираа веднаш и ја спречија понатамошната работа.
Од иницијативата „Спас за Прилеп“ велат дека борбата продолжува и дека нема да дозволат, како што наведуваат, „туѓи интереси да ги загрозат изворите на вода, земјиштето и здравјето на граѓаните“.



