Витаминка и СОНК во борба за трофејот во Прилеп – Бизнис лигата во мал фудбал
Вечерва во Прилеп ќе се одигра завршницата на Бизнис лигата во мал фудбал, најмасовното натпреварување од ваков тип во градот, со учество на 18 екипи. По основниот дел и плејофот, пласман во финалето обезбедија екипите на Витаминка и СОНК, кои од 21:30 часот ќе се борат за шампионската титула.
Во составите на двата тима има фудбалери со богато искуство – дел од нив се поранешни првотимци на прилепска Победа, а други доаѓаат од малите и големите фудбалски терени.
Натпреварувачката вечер ќе започне во 19:30 часот со мечот за третото место меѓу екипите Паркетар Горан Електроелемент и ВИК, по што ќе следува и забавен дел за публиката.
Натпреварите се играат во спортската сала „Еврогол-арена“, кај Градскиот базен.
Фото: Фејсбук Бизнис лига Прилеп


