| |

Транспарентноста и отвореноста не се мода, туку потреба

Поголемите општини во Македонија одамна говорат и работат на својата отвореност и отчетност пред граѓаните. Кај помалите општини тоа е потешко, со оглед на бројот на вработени и фактот дека е потребно да вработат лица, кои би работеле и на „отворените податоци“ и на е – услугите, како и на уредување и одржување на општинската веб страница. Едноставно, за некои општини, тоа е (сеуште) невозможно.

Сепак и овие помали општини ја сфатиле потребата од вклучување на граѓаните во своите процеси на носење одлуки и се обудуваат „да го фатат возот“ на отчетноста и транспарентноста, затоа што разбираат дека е полесно да спроведуваш политики кога се граѓаните на нивна страна.

Сепак „и за мала невеста и за голема, тапан треба“, односно, отчетноста и транспарентноста е регулирана со закон и граѓаните мораат да бидат консултирани и вклучени во тие општински процеси, од што зависат многу работи и тоа од собирање на данокот на имот, па до економскиот развој. Иако не му е лесно, Урим Ибески – градоначалникот на Долнени одамна на ум ги има овие поенти и бара начин да ги превлада многуте проблеми и да ги искористи малкуте можности.

Погледнете го разговорот со градоначалникот Урим Ибески и Ајше Муаремоска, кои беа дел од утринската емисија – Македонија наутро и Емисијата – Програма на градовите. во склоп на проектот „Отворени општини со отворени податоци“

Слични Објави