МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈАЛЕЦ МАКЕДОН, На само 12 години примен во престижната програма на „Џонс Хопкинс“!

На само 12 години, младиот Македон направи уште еден голем чекор на патот кон врвните академски достигнувања – примен е во престижната Програма за талентирани млади при Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во САД, со седиште во Балтимор, Мериленд. Програмата е наменета за ученици со исклучителни академски способности од целиот свет, а успехот на Македон е уште едно потврдување на неговиот огромен талент, посветеност и љубов кон знаењето.

По тестирањето, Македон го доби и престижното признание „Grand Honors / SET“, наменето за ученици со исклучително високи резултати по математика и вербални способности. Grand Honors претставува највисоко признание за исклучително високи резултати во рамките на CTY тестирањето, додека SET – Study of Exceptional Talent – е програма и признание на Johns Hopkins за ученици кои постигнуваат резултати значително над очекуваното за нивната возраст.

Неговиот успех добива уште поголема тежина ако се има предвид дека на само 11 години постигнал неверојатни 1440 поени на SAT-тестот – 740 поени по математика и 700 поени по читање и пишување.

Зад овие бројки, медали и признанија, сепак, стои нешто многу поголемо – искрена и огромна љубов кон учењето. Македон досега има освоено повеќе од 20 златни медали од меѓународни математички натпревари, а неговиот успех продолжува да биде инспирација и гордост за неговото семејство и за Македонија.

„Како родители, тешко е со зборови да се опише чувството кога го гледаме нашиот син како чекори кон своите соништа и постигнува резултати за кои сме верувале дека се можни, но секогаш знаеме дека зад секој успех стои многу труд, откажувања, учење и пред сè – љубов кон она што го работи. Најмногу сме горди не само на неговите резултати, туку на неговата љубопитност, упорност и желба секој ден да научи нешто ново. Овие признанија за нас не се крајна цел, туку поттик да продолжи да се развива, да сонува големо и да верува во себе“, велат родителите на Македон.

Тие додаваат дека најголемата желба им е нивниот син, без разлика каде ќе го однесе неговиот пат, секогаш да остане љубопитен, скромен и посветен на знаењето.

Од Македонија до една од најпрестижните академски програми во САД, приказната на Македон е доказ дека талентот, кога ќе се спојат со огромна посветеност и поддршка, можат да ги надминат сите граници.

Со само 12 години, тој веќе испишува сопствена успешна приказна. А најважното допрва следува.

„Македон, продолжи да веруваш во себе. Ова е само почеток“, порачуваат неговите родители

ГОДИНИ, МАКЕДОН ГО ОСВОИ JOHNS HOPKINS: МАКЕДОНСКИОТ МЛАД ТАЛЕНТ СО РЕЗУЛТАТИ ШТО ГО ВООДУШЕВИЈА СВЕТОТ

Слични Објави