Важноста на родовиот аспект при креирање на локалните политики
На 16.12.2023 година Здружението на земјоделци Агромаџо организираше обука на тема „Родовиот аспект при креирањето на локалните политики’’
Процесот на интегрирање на Република Северна Македонија кон Европската Унија, налага и почитување на определени норми и стандарди во насока на управување на еднаквоста и еднаквите можности за сите граѓани, како и подобрување на транспарентноста и отчетноста на институциите.
На локално ниво, потребно е да се создадат одржливи, еднакви и демократски локални власти, каде што мажите и жените имаат еднаков пристап до донесување на одлуки, еднаков пристап до услугите и рамноправен третман.
Родова перспектива мора да биде интегрирана во сите области на политиката и управување во локалната самоуправа.
Денешната обука на тема ,, Родовиот аспект при креирањето на локалните политики’’ е дел од проектот ,,ВКЛУЧЕНОСТА НА РУРАЛНОТО НАСЕЛЕНИЕ ВО ПРОЦЕСИТЕ НА ДОНЕСУВАЊЕ НА ОДЛУКИ НА ЛОКАЛНО НИВО – ОСНОВА ЗА ГРАДЕЊЕ НА ДЕМОКРАТСКО И ДЕЦЕНТРАЛИЗИРАНО ОПШТЕСТВО”, кој се спроведува на териториите на општините Кривогаштани и општина Прилеп, а е финансиран од ЕУ.