| |

Денес успешно изведена втора операција на рбет во Општата болница Прилеп

Денес, во Општата болница во Прилеп, успешно беше изведена втората сложена хируршка интервенција на рбетниот столб, повторно на лумбалниот сегмент. Оваа интервенција претставува значаен чекор во континуираниот развој и унапредување на ортопедско-хируршките услуги во регионот.



Операцијата ја изведе д-р Игор Мерџановски, во координација со колегите од Клиниката за ТОАРИЛУЦ, тимот од Одделението за ортопедија и трауматологија при Општата болница Прилеп, како и анестезиолозите д-р Маргарита Пирганоска и д-р Александар Димитровски. Интервенцијата помина успешно, уредно и без компликации.

На пациентот му се посакува брзо и целосно закрепнување.

Со оваа втора успешно изведена операција, Општата болница Прилеп уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон децентрализација на здравствените услуги и обезбедување квалитетна здравствена грижа поблиску до пациентите, во рамки на мисијата за јакнење на регионалното јавно здравство.

Слични Објави