Сите говорат за исти нешта но, дали така мислат
Дали е вистина дека општините не се транспарентни и не се блиски до граѓаните, кој ги пласира тие невистини. Кои обврски и законски процедури мораат да ги исполнат општините за да бидат транспарентни. Со какви проблеми се соочуваат и каков кадар им е потребен. Ова е само дел од говорот и заклучоците кои ги сподели Игор Дамјаноски од Општина Демир Хисар на работилницата „Будење на заспаниот џин“.
Задача на работилницата беше да произведе дебатни ставови за формата и есенцијалноста на неминовната потреба за соработката на општините од нашиот регион, со УКЛО, како носител на експертиза, едукации и истражувања во фазите на стратешките и други планирања на општините, за тие да бидат реачни, научно фундирани и корисни.
Оваа соработка не се однесува само на доброто на општините и на УКЛО, туку заради граѓаните, кои треба да се вклучат во општинските процеси на носење одлуки, а за таквата цел е потребно многу повеќе од општинскиот оглас за некаква јавна дебата. Потребни се и претходни податоци, кои треба да бидат пласирани во јавноста, ажурирани и прецизни, за да имаат за што да дебатираат граѓаните, како и научна грижа за производството на таквите податоци, кои дебатата ја подигаат над партиските препукувања. Исто така и обуката на општинските кадри, посебно јавната администрација, за водење на таквите процеси, би требало да биде предмет на ангажман на УКЛО.
Дел од заклучоците од дебатата
Потребни се:
Да се стави на повисоко ниво темата за финансирањето на обуките наменети за општините и да се поднесуваат такви проекти, како буџетски трошок;
Систем на континуирана едукација на општинските кадри, кој треба и да се изгради и дефинира и да се презентира во напредни форми;
Да се зајакне системот на знаење наменет за ЕЛС, започнувајќи со потребите на опшинити за градење капацитет, институционална и правна регулација;
Проценка на системот за финансирање на проекти на општините од страна на УКЛО;
Општинити да обезбедат повисоки плати за информатичарите, затоа што на пазарот на труд таква е ситуацијата;
Обуката мора да влезе во системот на социјалне капитал, кој ќе биде подигнат на недостапно ниво за партиите;
Плански документ за едуации – наменети за ЕЛС, преку план којшто ќе има претходна силна и јасна визија, мерливост и индикатори за ,,учење спрема резултати“
УКЛО да развие обуки кои ќе бидат наменети за општините;
Општините да инсистираат на проекти за специфични и кориснички насочени („скроени обуки“) и за стручни и за „меки“ вештини;
Обуки за повишување и на моралните и на етичките вредности кај вработените во ЕЛС;
Потребите за обуки да се одредуваат во дебата со ЕЛС, а потребно е и да се подига нивото на свесност за потребата од стручни обуки кај самите вработени, било како итна или секторски насочена „интервенција“. Било во форма на долгорочно или доживотно учење.
Јавно пласирани визии (или визија) за потребата и резултатите од таквите видови учење, стратешко планирање и приоритизација на програми, проекти и акции, кои би биле „светилници“ за администрацијата на ЕЛС;
Осмислување системи и визии за воспоставување „мерит системи“ во институциите во регионот, односно напредување спрема заслуги.