Музички спектакл со Битолскиот оркестар ДИВА во Прилеп
Во организација на НУЦК „Марко Цепенков“, на 21 мај 2026 година (четврток), со почеток во 20 часот, во големата сала на Центарот за култура ќе се одржи музичкиот спектакл „MTV hits – vol.2“.
На сцената ќе настапи Битолски оркестар ДИВА, заедно со солистите Наде Талевска, Полина Тасева, Бојан Стојков, Александра Трајческа, Јасна Димитровска и Огнен Димовски.
Публиката ќе има можност да ужива во изведби на најголемите поп и рок хитови, во вечер исполнета со емоции, ритам и препознатлива музичка енергија.
Од Центарот за култура упатуваат покана до сите љубители на добрата музика да бидат дел од овој настан и да доживеат уште една незаборавна вечер.
Влезниците се веќе пуштени во продажба по цена од 500 денари и можат да се набават на билетарницата во Центарот за култура, секој работен ден од 11 до 14 часот.



