|

Урбано Лето 2025 – Кривогаштани добива свој културен живот!



Кривогаштани е мало место со големо срце, а ова лето се претвора во точка на младинска енергија и забава. Благодарение на младите членови на Здружението на млади „Урбано Гнездо“, за првпат ќе се одржи „Урбано Лето“ – манифестација која ја спојува урбаната култура со руралниот дух.

„Нашата цел беше да покажеме дека и малите места можат да создадат големи моменти, оваа манифестација од два дена (17.8 и 27.8) претставува ренесанса на културниот живот во Кривогаштани“ велат организаторите. „Кривогаштани има потенцијал да биде културна точка, а Урбано Лето е само почеток.“

Манифестацијата ќе започне на 17 август со Филмска ноќ во дворот Младинскиот центар – Кривогаштани:

  • 20:00 – Проекција под отворено небо на култниот филм „500 Days of Summer“;

  • 21:30 – Опуштена забава со локален DJ, која ќе ја задржи атмосферата под ѕвездите до доцна во ноќта.

Вечер исполнета со музика, филм и летна енергија ќе го означи почетокот на манифестацијата.

Организаторите велат дека нивната цел е да создадат простор каде младите од руралните средини ќе можат да ја изразат својата креативност, да го збогатат културниот живот и да привлечат посетители од целата Пелагонија.

Вториот ден е закажан за 27 август, кога публиката ќе ужива во настапи на популарни македонски артисти. Најавена е скромна, но одлична програма, уметнички перформанси и активности кои ќе ја заокружат летната сезона со незаборавна атмосфера.

Со поддршка од локалната заедница и ентузијазмот на младите, „Урбано Лето“ има потенцијал да прерасне во традиционален настан кој секоја година ќе го збогатува културниот живот во регионот.

Слични Објави