Казнет возачот кој со автомобил се движеше по велосипедска патека – Снимаш, пријавуваш!
По објавување на видео во медиумите на кое се гледа патничко возило како се движи по велосипедска патека на улицата „Бутелска“ во скопската општина Бутел, МВР излезе со официјални информации дека возачот е пронајден и санкциониран.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, Санкциониран возачот кој со возило се движеше по велосипедска патека во скопски Бутел
Во врска со објавеното видео во дел од медиумите на кое се гледа како патничко возило “Ауди” со скопски регистарски ознаки се движи по велосипедска патека на ул. “Бутелска” ве известуваме дека настанот се случил на 23.04.2025 околу 16.30 часот. Веднаш од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје се преземени соодветни мерки и активности при што е пронајден возачот на возилото З.С.(43) и на истиот му е изречена законски предвидената глоба.