| |

Слободен пристап до информации од јавен карактер, информирање, консултирање

Чл. 8 од Закон за Локална Самоуправа (ЗЛС) утврдува дека општините се должни, без надоместок да ги информираат граѓаните за својата работа, за плановите и програмите, да им овозможат пристап кон основните информации за услугите и начините за нивно остварување.Правата и постапката за слободен пристап до информациите од јавен карактер со кои располагаат „имателите на јавни информации“ се уредени со Законот за слободен пристап до информации.

Општината, како имател на информации од јавен карактер (чл. 10) преку својата интернет-страница треба да објавува податоци од своја надлежност.

Секој имател на информации е должен да овозможи бесплатен пристап до претходно изнесените информации, да ја води и да ја ажурира листата на информации со кои таа располага и да ги објавува на начин достапен за јавноста (редовно ажурирана веб страница, огласна табла).

Секој имател на информации за посредување определува едно или повеќе службени лица при остварувањето на правото на слободен пристап до информации, кое контактира и ги дава потребните информации и му помага на барателот на информации за што води посебна евиденција за примањето на барања за информации, чувањето и давање на информации.

Слични Објави