| |

Да се совлада тремата и стравот од интервју со позната личност

Известувачите на заедницата (репортерите) теориски совладаа алатки, со помош на кои ќе собираат и споделуваат информации до јавноста. Една од тие алатки е и интервјуто.

Заследете нѐ на Facebook и први дознавајте за новостите.


Едно е теоријата, а друго практиката. Најпрво, треба да знаеш што да прашаш, потоа да ја совладаш техниката на пристап, прашање, логично подредување на прашањата и на крајот најтешкото: Да се совлада тремата и стравот од интервју со позната личност или функционер. Ете, токму тука градоначалникот на Прилеп и неговиот портпарол, но и началникот на Сектор за урбанизам, комунални ра боти и  заштита на животна, средина помогнаа младите известувачи да „го скршат стравот“ од интервјуирање на функционери, под будно око на професионалните новинару – обучувачи и ментори.

Прашањата се однесуваа на многу теми и сектори и тоа од општинскиот буџет и неговата распределба, па до младински прашања. Интересни прашања и одговори, па чујте ги.

Одговорноста кон заедницата тоа го бара и младите репортери тоа теориски го учеа, а сега и практично го спроведуваат на терен.

Погледнете дел за спортот, клубовите и талентираните наградени спортисти….

Слични Објави