| |

Нови детски игралишта во градинката „Наша Иднина“ – Донација од GENTHERM

Денес официјално беа пуштени во употреба две нови детски игралишта во градинката „Наша Иднина“, во објектите Бончејца и Рампо Левката. Овие игралишта се донација од компанијата GENTHERM, која со овој гест уште еднаш ја потврди својата општествена одговорност и посветеност на заедницата.

Претставници од градинката и општината ја изразија својата благодарност за оваа инвестиција, истакнувајќи дека создавањето квалитетни услови за раст и развој на децата е приоритет за сите. Новите игралишта ќе обезбедат безбедно и инспиративно место за игра, забава и учење на најмладите.

„Создавањето квалитетни услови за раст и развој на децата е приоритет за сите нас. Токму затоа, оваа донација е повеќе од инвестиција – таа е дар за идните генерации, за нивна среќа, смеа и безгрижно детство.“ истакна градоначалникот Борче Јовчески

Со вакви проекти, се унапредува животниот стандард на најмладите и се создаваат подобри услови за нивниот раст и развој.

Слични Објави