| | |

Туристичката визија за Прилеп и институциите од областа на културата

Многу планирање на развојот на туризмот, а малку туристи!

Национални институции од областа на културата и ЈНУ, пак малку туристи!

Многу „странски водени“ планирања на туризмот, пак малку туристи!

Огромна концентрација на споменици на културата во Прилеп, пак малку туристи!

Најзавидна карпеста уметност во и околу Прилеп, пак малку туристи, но повеќе отколку порано!

Услови за неколку видови најразличен туризам, пак малку туристи!

Што се случува?

Дали Прилеп, едноставно, нема што да понуди или немаме капацитет да се зафатиме со прашањето на дојдовен туризам?

Прилеп има една од најголемите концентрации на споменици на културата на Балканот, има вчудоневидувачка карпеста уметност и ридови и планини, со извонредни услови за сите видови „туризам на возбуда“, тука е Мариово, кој е како „нов континент во Европа“, претставувал еден од најважните центри на верата, центри на уметноста (Центар за современа ликовна уметност), има потполно приспособени музејски збирки, спремни да примат туристи (поставки на НУ Завод и Музеј – Прилеп: Археолошка, етнолошка, Музеј за тутун, Галерија на икони, меморијален Музеј на револуцијата….), специфична гастрономија.

Сепак, туризмот се базира на промотивните вештини, системите на субвенции, организацијата на понудата, вмрежувањето, водичи, интегрирана туристичка понуда и најважно од се: На стратегија!

Околу нашата туристичка стратегиј и, нејзината подготовка и осмислување, во светло на институционалната и деловната туристичка понуда и што правиме, а што треба да правиме, разговараме со д-р Бранко Ристески, кој најдобро ги знае нашите локалитети, затоа што долго време и ги донесува на светло на сонцето, кој своето искуство го има обогатено и со долгогодишното директорување со ЈНУ Институтут за старословенска култура.

Овде ќе споменеме и дека Прилеп и Пловдив се единствените 2 градови на Балканот, кој имаат стратегии за локален туристички и културен развој. Нашата „Индикативна културана стратегија“ (ИКС – скратено) е направена и објавена далечната 2002 година, а Општина Прилеп ја усвои како званична стратегија за култура на Прилеп. За жал, одтогаш никој не ја прочитал и истата падна во заборав. Д-р Ристески директно учествуваше во нејзината изработка, во рамките на проектот на АГТИС „ИКС“ од 2001 – 2002 година.

Ова интервју ќе претстави некои тајни на „занаетот на културата“, а консеквентно, тоа ќе има врска и со туризмот.

Проследете го ова интересно интервју на ОТВ.

Слични Објави