|

ЦАНЕ ТРАЈЧЕВСКИ – 30 ГОДИНИ ТЕКСТОПИСЕЦ

         За Цане Трајчевски, плоден и талентиран текстописец, има многу да се пишува, не само од перспектива како врвен и докажан автор на музички текстови, но и како личност кој има оставено траен белег и во новинарството. Како што неодамна прочитав во едно негово интервју каде што говори – како фестивалски текстописец има добиено престижни награди од исклучително значење, не само на естрадата, туку и на општествено ниво.

Текстописец кој има напишано 350 песни, а речиси од нив се 200 отпеани на грандиозни фестивали, а, со истите има и добивано први награди, односно победувано на „Канео Фестˮ, „Филиграниˮ, „Гоце Фестˮ.

Краток осврт кон творештвото на Цане Трајчевски

            Со пишување на текстови започнува во 1994 год., по размислување дека треба и мора да го покаже талентот даден од Господа на дело. Во неговиот творечки опус стои дека има напишано повеќе од 350 текстови за фолк и забавни песни, а од кои 184 се веќе преточени во студиска снимки на фолк и забавни песни, главно испеани на фестивалите. Од нив, 125 – забавни и 59 – фолк.  

            Во неговата, несомнено, успешна кариера како извонреден и докажан текстописец соработувал со повеќемина композитори и аранжери, сè со цел песните бидат разнолики. Од нив ќе ги споменеме: Игор Цветковски, Сашо Ливрински, Миодраг Нечак, Борче Шабаноски, Дарко Шерденков, Љупчо Јошевски, Тодор Трајчевски, Мендо Ташковски, Блаже Маротов, Дамир Имери, Андријана, Јаневска, Тања Царевска, Јанко Узунов, Зоран Марковски, Аце Прпушовски и др.

     – Сите текстови се моја замисла, мое авторство, а темите се различни, како на пример- љубовни, патриотски, родољубиви, старогратски и текстови од некои настани. Инспирацијата е од секојдневието, сегашноста, минатото и од погледите кон блиската иднина. Да напишеш толку многу текстови, а тие да бидат сепак различни во содржината, мислам дека е уметност. Со еден збор кажано, талентот за нешто е од раѓање, а потоа личноста се надоградува, вели Трајчевски на интервјуто спроведено од страна на КулАрт.

        Цане Трајчевски, наградата за најдобар текст, ја има добивано 20 пати, a соработувал со многу врвни и докажани музичари, вокални изведувачи, истакнати пејачи на македонската естрада. Песни напишани од страна на Цане Трајчевски, досега испеале: од фолк – Благица Павловска, Нино Величковски, Петар Нечовски, Ани Малинкова, Јасмина Мукаетова, Зоран Марковски, Билјана Дамјановска, Серафина Фантаузо, Дамјан Стојановски, Софија Кочевска, Благојче Стојановски – Туше, Алексо Тришоски, Жаклина – Макарена, Перо Христов, Бранка Соколовска, Ташко Каранфиловски, Кицо Стефановски, Лени Партикова, Јуле Николовска и др.
Од забавни – Баже Маратов, Јулија, Мартинијан Кириловски, Кате од Нели ти реков, Игор Цветковски, Благица Павловска, Катерина Атанасова, Иле Спасев, Александра Котели, Бани Мањани, Цане Николовски, Викторија Лоба, Ивана Георгиевска, Љупчо Јошевски, Барбара, Валентина – Парго и др.

         Има освоено многу награди; награда за животно дело; за огромен придонес во развојот на фолк и забавната песна во Македонија. Исто така, неговото богато творештво му носи многу први, втори и трети награди од публика и жири, односно 20 пати добиена наградата за најдобар текст.
-неколку гран при награди;
-неколку специјални награди за создавање на мелодијата „Музички генијˮ, посветена на Тоше Проески – Евро фест, 2007 година;
-за создавање на мелодијата Ода за Мајка Тереза – посветена на познатата светица Мајка Тереза, за создавање на Фолк – песната „Сојот убав Демирхисарскиˮ, посветена на граѓаните и Општината Демир Хисар;
-Шлагер на Канео фест;
-Бисер на Канео фест.

       „Песни со мои текстови, отпеале многу познати и признати пејачи, средно познати, но секако и дебитанти кои подоцна станале препознатливи по своите песни. Инаку не правам разлика за кого пишувам, туку моја задача е секогаш да понудам добар, вистински, логичен, објективен и уникатен текст, затоа што текстот е најважно нешто во секоја песна, фолк или забавна сеедно. Текстовите ги пишувам најчесто ноќе кога не излегувам никаде, кога ми доаѓа идеја. Брзо пишување на еден текст сметам дека е за 30-тина минути, а некогаш и повеќе време, начинот за создавање на песни кај мене е најпрво текстот, а потоа музиката. Мислам дека така создадените песни се подобри, а поетски сум доискажан во така напишаниот текст“, вели Трајчевски.


         На 10. јубилејно издание на „Канео фестˮ во Охрид во 2011 год., Цане ја добива престижната „Награда за животно дело”, која му е врачена на свечена манифестација – за голем придонес во развојот на фолк и забавната песна во Македонија.

„Многу сум горд на таа награда, која ме обврзува и натаму да пишувам убави текстови, а тоа ќе го правам сѐ додека работам на полето на музиката.
– Неостварена желба ми остана Скопскиот фестивал, кој еве не се одржува, а на скоро сите други сум имал свои песни. Неостварена желба исто така ми е што некои пејачи не отпеале мои песни, меѓу кои Васка Илиева, Петранка Костадинова, Александар Сариевски, Тоше Проески, кој своевремено му се допадна мелодијата и текстот што го напишав за „Кажи Господе”, но не се договоривме. Истата подоцна ја испеа Јулија. Желба ми е, на пример, Драган Мијалковски и Лидија Кочовска да отпеат мои песни“, ќе рече Трајчевски, на неговото интервју спроведено во месец септември од страна на порталот „КулАртˮ.

         Во моментов, Трајчевски, работи посветeно кон тоа, да,  сите песни со негови текстови, бидат акумулирани на едно место, односно, во соработка со стручни лица преку техничка обработка, прави албуми на ЦД – изданија, од кои, некои, се објавени, а другите ќе бидат целосно комплетирани за брзо време и уредно објавени на Јутуб – каналот. Многу песни поединечно во аудио или ДВД издание се објавени, а како албуми што се вели во МП3 формат се објавени; 90 забавни мелодии во еден албум, 33 во друг, 34 фолк песни во еден и 25 фолк песни во друг албум.
          Во Детската градинка „ВТОРИ СЕПТЕМВРИˮ, Општина Демир Хисар, Трајчевски работи професионално и одговорно. Вели дека си ја сака работата, го исполнува и тука, на тоа работно место, добива плус непресушна испирација во творењето, создавањето и креирањето на текстови. Како доказ за тоа е и химната „Демир Хисар е нашиот крај”, посветена на оваа градинка за кој текстот го има напишано Цане, а музиката и аранжманот се на Љупчо Јошевски, кој заедно со Ивона Талевска ја пеат оваа химна, всушност, со која химна започнуваат сите церемонии, приредби и други културни настани организирани од вработените во Детската градинка.

Во широкиот корпус од културно – уметнички вредности, генерирани од страна на Трајчевски е, тоа што, текстот од мелодијата „Музички гениј”, посветена на Тоше Проески, испеана на „Евро фест” во 2007 год., е на Цане Трајчевски. Оваа песна е испеа Иле Спасев, кој е автор на музиката и аранжманот. Исто така,  мелодијата „Ода за Мајка Тереза”, што на „Канео фест 2012” ја има испеано Зора Василевска, посветена на оваа светица, е со текст на Трајчевски, музиката е на Аце Прпушовски, а аранжманот на Дарко Шерденков. Двете мелодии добија и специјални награди, исто како и фолк песната „Сојот убав демирхисарски”, која на „Филиграни 2012” доби специјална награда, а ја испеа Зоран Марковски кој е автор на музиката и аранжманот, текстот, секако, Цане.

              Целите и визијата на текстописецот Трајчевски се јасно дефинирани, односно, како што вели, во план му е да публицира книга во блиска иднина, во која ќе бидат сместени до тој момент сите текстови на студиски снимените фолк и забавни песни. Книгата ќе биде наменета главно за подарување на поголемите библиотеки во Македонија, во најголемите градови, за подарување при гостување во радио и ТВ програми, за пејачи, пријатели. Апропо, целта и мисијата за ова е да се соберат текстовите на едно место, луѓето да читаат и да се потврди дека Цане Трајчевски во едно време постоел и работел нешто корисно, суштинско и афирмативно, како и автентично во полето на музиката, во случајов како успешен и продуктивен текстописец.
На крај, сакам да му посакам на Цане уште многу успеси и врвни уметнички дела, а воедно и, да му посакам и со многу здравје, љубов, среќа, и радосни мигови!

П.с. Kога давал некоја изјава за весникот „Вечерˮ, изјавил дека, првобитна цел му се 101 песна со негови авторски текстови, но, бидејќи првобитната цел е одамна реализирана, сега втора стана 202 песни – со негови текстови, а до тоа е многу блиску, затоа што досега има 184 студиски снимени фолк и забавни песни, а до 202 остануваа уште 18 песни…

ИЗРАБОТИЛ, АВТОР НА ПРИЛОГ: ДАНИЕЛ СТАНОЈОСКИ

ДЕМИР ХИСАР

Слични Објави