Безвременска велосипедска тура во Новаци
Општина Новаци за прв пат се појавува како организатор на велосипедска тура, под името Безвременска велосипедска тура. Оваа активност е поддржана од SWG (Постојана работна група за регионален рурален развој во Југоисточна Европа), GIZ (Германска агенција за меѓународна соработка) и Општина Новаци, во рамките на програмата People to People ( луѓе за луѓе). Самото име на велосипедската тура кажува дека ова не е само обична тура, туку нешто кое покрај тоа што ќе им презентира и промовира на жителите на Новаци и околните населени места здрав начин на живот и користење на превозни средства кои не загадуваат, туку и ќе ги презентираме дел од културно-историските богатства кои општина Новаци ги има.
За таа цел, во рамките на велосипедската тура, се посетија 6 значајни културно-историски локации, и истите им се презентираа на учесниците од страна на 3 лица кои во рамките на овој проект беа обучени и лиценцирани за туристички водичи.
Покрај ова, настанот имаше и забавен дел, односно на нашиот најпознат и најпосетуван рекреативен парк Коњарка, имаше забава, храна и освежителни пијалоци за сите учесници на настанот.
Исто така, уште една цел на овој настан е да ги промовираме локалните производи, фирми, занаети и самата општина, за што имавме и 6 штандови поставени на рекреативниот парк Коњарка.
Се надеваме дека овој вид на велосипедска тура ќе прерасне во традиционална и ќе се одржува секоја година, збогатена со нови содржини и на различни локации од општината.
All reactions:
150150