|

Со секој купен Стоби Флипс – помош за децата од СОС Детско село Македонија

Со секој купен Стоби Флипс, потрошувачите ќе придонесат за поддршка на децата од СОС Детско село Македонија. Преку оваа општествено одговорна кампања на Витаминка, реализирана под слоганот „Заедно за топол дом, љубов и грижа за секое дете“, компанијата испраќа силна порака за солидарност и грижа кон најмладите.



Иницијативата има за цел да ја подигне јавната свест и да овозможи директна помош за децата без родителска грижа. Специјалното издание на Стоби Флипс, инспирирано од боите и мисијата на СОС Детско село, ја носи токму таа порака – симбол на заедништво и поддршка.

„Со оваа кампања сакаме да потсетиме дека вистинските вредности почнуваат од емпатијата и желбата да се направи добро дело. Витаминка секогаш била блиску до семејствата и децата, а преку Стоби Флипс – бренд што ги обединува сите генерации – ја пренесуваме пораката дека заедно можеме да изградиме посреќно и похумано општество,“ велат од Витаминка.

Собраните средства ќе бидат насочени кон проектот „Менталното здравје пред сè“, кој обезбедува психолошка поддршка, специјализирана едукација и рехабилитација за децата и младите поддржани од СОС Детско село Македонија.

Од организацијата истакнуваат дека ваквите партнерства се клучни за нивното секојдневно функционирање:
„Партнерствата како ова со Витаминка имаат длабоко и трајно значење. Тие ни овозможуваат да продолжиме со стручна поддршка, едукација и психолошка грижа, но и да ја шириме пораката за заедничка одговорност во грижата за секое дете,“ порачаа од СОС Детско село Македонија.

Во рамки на кампањата ќе се одржат забавно-едукативни активности, меѓу кои посета на маскотата Флип на СОС Детско село, како и посета на децата во фабриката Витаминка – каде ќе имаат можност да го запознаат процесот на создавање на нивниот омилен Стоби Флипс и да поминат ден исполнет со учење, дружба и многу насмевки.

Со оваа акција, Витаминка уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон општествената одговорност и поддршката на најмладите, градејќи подобро, похумано и посреќно општество за сите.

Слични Објави