| | |

ЈКП „Долнени“ објави оглас за вработување на три извршители

Врз основа на член 20-г став (1 ) и ( 2 ) од Законот за вработените во јавен сектор (`Службен весник на РМ‘‘ 27/2014,199/2014,27/2016,35/2018,198/2018,143/2019,14/2020 ) член 22 став 1 т.1 и став 4 а во врска со член 23 од Законот за работни односи ( ‘‘Службен весник на Р.М.‘‘ бр. 62/2005 ….288/2021),

Позитивно мислање од Министерството за информатичко општество и администрација за Годишен план за вработување за 2025 година, ВД Директорот на ЈКП ”Долнени” – Долнени Неџми Јусуфи објавува : ЈАВЕН ОГЛАС За вработување на 3 извршители во ЈКП”Долнени”-Долнени на неопределено време.

1. КВ Водоинсталатер – 1 извршител 2. Општ работник -2 извршители

Кандидатите треба да ги исполнуваат :

ОПШТИТЕ УСЛОВИ : – Да е државјанин на Република Северна Македонија – Активно да го користи македонскиот јазик – Да е полнолетен – Да има општа здравствена способност за работното место – Да не му е изречена казна забрана за вршење на професија ,дејност или должност со правосилна судска пресуда.

ПОСЕБНИ УСЛОВИ : 1.За работното место: КВ Водоинсталатер КДР шифра 0401А02061 -помошно технички персонал – најмалку ниво на квалификации III ,180 кредити , според ЕЦВЕТ или тригодишно средно образование ; – со или без работно искуство во струката.

Посебни услови кои треба да ги исполнува кандидатот : Доказ за квалификуван водоинсталатер Паричен нето износ на плата : 22.770 ,00 ден. 2.За работно место: Општ работник КДР шифра 0401А03012 – помошно -технички персонал – најмалку ниво на квалификации I или завршено основно образование; – со или без работно искуство во струката Паричен нето износ на плата 22.640 ,00 денари.

Лицата кои ќе се пријават на огласот своите документи треба да ги достават по пошта или лично во ЈКП”Долнени”Долнени од 8.00 до 15.00 часот Распоред на работно време – Работни денови понеделник-петок – Работни часови неделно 40 – Работно време од 07:30 до 15:30 Рокот за пријавување изнесува 8 дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневните весници. Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето *Пријавата која кандидатите треба да ја достават при аплицирање за огласот можат да ја најдат на интернет страната на Општина Долнени.

Постапката за селекција за вработување во Јавното претпријатие се состои од проверка на внесените податоци во пријавата за вработување со условите утврдени во Јавниот оглас,проверка на приложените докази во пријавата и интервју , согласно Правилникот за формата и содржината на Јавниот оглас ,форма,содржина и начин на поднесување на пријавата за вработување ,начин на спроведување на постапката за селекција и интервјуто и начин на бодирање и максимален број на бодови во постапката за селекција за работните места. ЈКП”Долнени”Долнени.

Огласот е објавен на веб страната opstinadolneni.gov.mk

Слични Објави