|

Продолжени викенди во Mарт и Aприл

Претстојниот викенд ќе биде продолжен, бидејќи 30 март (недела), кога се слави првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен ден за сите граѓани. Владата одлучи дека и 31 март (понеделник) ќе биде неработен ден, со што граѓаните ќе имаат можност за подолг одмор.

Во април, следуваат уште неколку неработни денови поврзани со верските празници. За сите граѓани, неработен ден ќе биде 21 април (понеделник), вториот ден на Велигден според православниот календар, што значи уште еден продолжен викенд. Дополнително, на 18 април (петок), Велики Петок, неработен ден ќе имаат граѓаните кои го празнуваат Велигден според православниот календар.

Граѓаните припадници на ромската заедница, пак, ќе имаат неработен ден на 8 април (вторник), кога се одбележува Меѓународниот ден на Ромите. Со ова, месеците март и април носат повеќе можности за одмор и планирање подолги викенди за граѓаните низ земјата.

Слични Објави