|

„1 секунда поблиску до полноќ – Часовникот на судниот ден“

„Часовникот на судниот ден“ е многу моќен симбол за опасностите со кои се соочува човештвото и е навистина алармантен сигнал за нас. Овој проект почнал во 1947 година за да го предупредува човештвото на опасносните од нуклеарна војна.Поместувањето на стрелките за една секунда нанапред до 89 секунди до полноќ е едно од најголемите предупредувања досега. Стрелките се поместуваат врз основа на анализите на егзистенцијалните закани во одредено време. Полноќ ја означува теоретската точка на уништувањето. Стрелките беа најдалеку од полноќ на крајот на Студената војна – 17 минути.

БАС истакнува дека не само нуклеарните закани, туку и ризиците поврзани со напредокот на технологиите како вештачката интелигенција и биолошките иновации, како и климатските промени,сите заедно ја зголемуваат глобалната нестабилност.

Фактот дека стрелките на часовникот беа најдалеку од полноќ на крајот на Студената војна, а сега се толку близу, само покажува како настаните се развиваат во насока на поголеми закани за човечката цивилизација. Дали мислите дека ова поместување ќе има значаен ефект на јавната свест или лидерите на светот?

Слични Објави