Стеваноски до директорите на училиштата: Честитам, ќе научите како се водат училишта, а не партиски штабови
Кандидатот за советник од листата на Левица, Жарко Стеваноски, како за крај на оваа кампања упати неколку поарки до граѓаните, сите учесници на изборите, но и до јавните функционери во Општина Прилеп
️Сограѓани, ова ќе биде едно поучно и лудо патување, кое ќе Ве научи следниот пат да направите мудар избор
На оние, кои како независни кандидати и советнички листи се одважија на овие избори да бидат крик на незадоволството на народот им посакувам успех. Задржете се така до понеделник, потоа сплотено ќе им покажеме што значи гнев, дисциплина и камшик.
На останатите советници и октроираниот градоначалник, после изборите им посакувам во следните
години, да не се лажат дека агресивна психотерапија ќе ги поштеди од шокот со кој ќе се соочуваат.
Ги поздравувам сите храбри старо-нови директори на јавни претпријатија. После избори ќе бидат должни да даваат отчет за потрошените центи а не за милионите со кои до денес ги задолжуваа јавните претпријатија, а со тоа и граѓаните на Општина Прилеп.
Им честитам на старо-новите директори на основни и средни училишта во градот, затоа што конечно ќе научат како се водат образовни установи а не партиски штабови. Најголеми честитки за старо-новата Комисија за трансформација на работен однос на наставници и стручни соработници, затоа што конечно ќе дознае што значи трансформација на работен однос по редослед а не преку ред.
На Началникот и Командирот на МВР ПС Прилеп им посакувам да си најдат нови стручни соработници/магионичари, кои ќе успеат да ги одбранат на седниците на совет околу годишните извештаи за безбедносната состојба во градот.
На општинската администрација и ветувам дека ова ќе им бидат најзабавните
години локално владеење во Прилеп. Ќе се занимаваат со редовни и вонредни инспекциски надзори, задолженија за исправка на децениски грешки, воспоставување на контролни механизми, збунети инспектори, раководители на боледувања и посебен поздрав до одделението за поддршка на новиот градоначалник.
За идниот и сите наредни градоначалници, она што ќе се случува да Ви биде за УМ за друг пат да не влегувате во длабокото без гума за спасување.




