|

Финишира изградбата на фабриката за секундарна селекција на отпад во Прилеп

Привршува изградбата на фабриката за секундарна селекција на отпад, првиот ваков проект во Македонија. Според надлежните, градежните активности се при крај, а од денес започнува инсталацијата на електро-машинскиот дел, со што објектот влегува во завршна фаза.



Целта на проектот е модернизација и зголемување на капацитетите за управување со отпадот во општината. Паралелно со ова, се најавува и оформување на модерен собирен центар за отпад во рамки на ЈКП „Комуналец“ на ул. „Трајко Николоски“, каде граѓаните ќе можат да го одложуваат отпадот на еколошки начин.

Проектот се реализира во соработка со локалната самоуправа, ЈКП „Комуналец“, бизнис-заедницата и невладиниот сектор.

Слични Објави