Сивката од Плетвар на прагот на исчезнување -Петиција за заштита преку
Институтот за комуникациски студии (ИКС) започна петиција со која апелира за вклучување на македонската сивка (Pseudochazara cingovskii) во Анекс 1 на Конвенцијата CITES, за да се спречи нејзино исчезнување поради нелегалната меѓународна трговија. Петицијата има за цел да привлече внимание кон критично загрозениот и ендемски вид пеперутка, која се појавува само во варовничките предели кај превојот Плетвар.
Македонската сивка е уникатен вид пеперутка кој живее во многу ограничен простор, со хабитат кој не опфаќа повеќе од 10 квадратни километри. Ова ја прави многу подложна на исчезнување, а побарувачката од колекционери на инсекти и нелегалната трговија ја ставиле на критичен ниво на преживување.
Претставници на ИКС, во соработка со германската организација Pro Wildlife, упатија официјално писмо до македонските институции, барајќи Македонија формално да поднесе предлог до CITES најдоцна до 27 јуни. Предлогот треба да биде поднесен пред Конференцијата на страните (CoP20), која ќе се одржи во Самарканд од 25 ноември до 5 декември 2025 година.
Линк до петицијата: https://www.change.org/…/stop-the-illegal-trade-of-the-macedonian-blue-butterfly.


