СЕ СРУШИ ДЕЛ ОД КРОВОТ НА ГРАДСКИОТ ПАЗАР
Дел од покривот на градскиот пазар во Прилеп се сруши денеска. Според првичните информации, дел од покривот кој е од пластичен материјал попуштил поради тежината од снегот кој наврна изминатите денови. Нема повредени лица, а треба да се утрврди материјалната штета.
Како ќе влијае ова врз работата на пазарот, ќе покаже времето.