Вонреден и редуциран возен ред на сите Автобуси на Јавниот Градски Превоз за празниците
Јавниот градски превоз информира дека за време на новогодишните и божиќните празници автобусите на сите три линии ќе сообраќаат по редуциран и вонреден возен ред.
📅 Распоред по денови:
- 31.12 – Од 6.30 h до 15.30 h сите три линии
- 01.01 – Неработен ден
- 02.01 – Од 6.30 h до 15.30 h сите три линии
- 03.01 – Од 6.30 h до 15.30 h сите три линии
- 04.01 – Неделна (вонредна) линија на еден саат од 6.30 h(х.Салида) до 12.30 h од (Н.Гробишта
- 05.01 – Од 6.30 h до 17.30 h последно тргнување од почетни постојки сите три линии
- 06.01 – Неделна (вонредна) линија на еден саат од 6.30 h(х.Салида) до 12.30 h од (Н.Гробишта)
- 07.01 – Неделна (вонредна) линија од 6.30 h(х.Салида) до 13.30 h од (Н.Гробишта) со зголемен број автобуси
- 08.01 – Полно работно време од 6.30 h до 19.30 h
Од Јавниот градски превоз апелираат граѓаните навремено да го испланираат своето патување и им посакуваат среќни празници.



