СРЕБРЕН И ТРИ БРОНЗЕНИ МЕДАЛИ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ТИМ

СРЕБРЕН И ТРИ БРОНЗЕНИ МЕДАЛИ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ТИМ на Светската олимпијада по геонауки од Пекинг

Ивана Атанасовска од Прилеп и Милена Ангелова од Делчево освоија бронзени медали во категоријата на индивидуален тест на знаења и тоа помеѓу 140 ученици од 35 држави од сите континенти.

Михаела Павловска од Македонска Каменица освои сребрен медал, а Атанас Ташковски од Крушево бронза во категоријата за интернационална тимска презентација.

На 17-та Светска олимпијада по геонауки IESO 2024 која се одржува во Пекинг, Кина од 08 до 18 август, во конкуренција на повеќе од 140 учесници од 35 држави од светот, Македонија ја претставуваа 4 ученици: од Крушево, од Прилеп, од Делчево, и од Македонска Каменица.

Слични Објави