|

Општина Демир Хисар предновогодишно – „НОВОГОДИШЕН ХЕПЕНИНГ“

На градскиот плоштад „8. Септември“ во Демир Хисар, на 28.12.2023, традиционално се одржа „Новогодишен базар“ на кој се продаваа Новогодишни подароци и рачно изработени креативни украси изложени преку штандови од страна на ученици од општинските основни училишта, а посетителите беа послжени со топол чај.

Најмладите имаа можност да ја проследат и вистински да уживаат во детската претстава „Замрзната бајка“ во изведба на младите актери од Едукативен центар „ЕДУСФЕРА“, Битола.

Градоначалникот Никола Најдовски ја поздрави целокупната организација од страна на училиштата. Ваквите настани се добредојдени, наставиниците заедно со децата за овие празници изработуваат различни предмети каде може да дојде до израз нивната креативност што носи бескрајна радост за дечињата и изобилие од детски насмевки и среќа.

Слични Објави