10 000 ДЕНАРИ ЗА СЕКОЕ ПРВАЧЕ ВО ОПШТИНА НОВАЦИ
Општина Новаци и оваа година доделува еднократна парична помош на семејствата со прваче и истата е зголемена и изнесува 10.000 денари.
Успешен почеток на школската година на првачињата и на сите ученици во ЦОУ „Славко Лумбарковски“ во Новаци им посака градоначалникот Стевче Стевановски.
„На првачињата им посакав да се радуваат на овој ден бидејќи денес започнува една нова фаза од нивниот живот а на останатите дечиња им посакав успешен почеток на учебната година, затоа што во училиште тие ќе се стекнат со многу знаења и вештини кој ќе ги водат до подобра иднина, бидејќи образованието е еден чекор поблиску кон успехот. “ рече Стевановски.
„Со отпочнувањето на мојот мандат како градоначалник на Општина Новаци на првата седница на новиот Совет на мој предлог донесовме одлука паричниот надомест за прваче кој се исплаќа во бруто износ од Буџетот на општината, да се зголеми од 5000 на 6000 денари, додека оваа година решивме заедно со Советот на Општина Новаци, на семјествата со прваче да им помогнеме со 10 000 денари. Сметаме дека значително се зголемени трошоците за живот , па на овај начин решивме да им помогнеме на родителите и да им овозможиме пријатен почеток на учебната година и подобри услови во образовниот процес за секое дете.“ рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.
Во ЦОУ „ Славко Лумбарковски “ Новаци во учебната 2023/2024 година се запишаа вкупно 194 ученици, од кои 11 првачиња.