„Едукација и превенција за одговорно играње на игри на среќа“

Тимот на Државна Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија во рамки на активностите за одговорно играње игри на среќа, го посети советувалиштето во Прилеп. Советувалиштето, дел од проектот „Играј одговорно“, функционира во центарот за социјални работи и нуди психо-социјална поддршка за лица со проблематично играње. Проф. д-р Јован Велески, одговорен за проектот во Прилеп, истакна дека телефонската поддршка преку СОС линијата и деск поддршката преку мејл, обезбедени од ДВЛМ, се исклучително корисни за играчите во потреба. Проектот, започнат во 2019 година во соработка со Здружението на лекувани зависници на РМ, обезбедува советувалишта во Скопје, Куманово и Прилеп, а наскоро ќе биде отворено и ново во Радовиш. ДВЛМ продолжува да инвестира во едукација и превенција за одговорно играње, со цел да се намали ризикот од прекумерно играње, посебно за ранливите групи.