|

ПОБЕДА ПРОДАВА СЕЗОНСКИ ВЛЕЗНИЦИ – СЕКОЈ ПРИЛЕПЧАНЕЦ МОЖЕ ДА ПОМОГНЕ ВО ОВИЕ ТЕШКИ ВРЕМИЊА ЗА КЛУБОТ

Еден од сигналите дека ФК „Победа“ прави обид за консолидација е стартот на продажбата на сезонските влезници. Клубот објави дека тие чинат 1.200 денари, а со нив сопствениците ќе имаат пристап до сите домашни натпревари во текот на целата сезона. Новата сезонска карта овозможува побрза и полесна проверка на влезот, како и ексклузивна можност навивачите директно да го поддржат својот клуб.



Начин на аплицирање:

– се пополнува онлајн-апликацијата на веб-страницата од ФК Победа,

– се извршува уплата на сметката од клубот или директно на овластено лице во просториите на клубот, потврдено со фискална сметка,

– се добива потврда по е-пошта и Вибер кога влезницата ќе биде подготвена,

– картата се подигнува лично на стадионот, во клупските простории.

Подолу е линкот од веб-страницата на ФК Победа:

Слични Објави