| |

50 ВРАБОТЕНИ ВО КОМФИ АНГЕЛ ДОБИЈА СЕРТИФИКАТИ

Невладината FInance Тhink. nа 50 вработени во компанијата Комфи Ангел од Прилеп, кои активно учествуваа во Програмата за извонредност и личен напредок (ПИЛН) им додели сертификати што ги потврдуваат стекнатите вештини и знаења за зголемување на продуктивноста и јакнење на човечкиот капитал.

Оваа програма е дел од напорите да се применат податоците и наодите од анализите директно на терен, во реалниот сектор. Целта е да се создадат суштински промени кои ја подобруваат работната средина и личниот развој на секој вработен и го отклучуваат женскиот економски потенцијал.

Несомнено, задоволството на учесниците во програмата е на високо ниво. Тоа го потврдуваат и нивните коментари како „За прв пат почувствуваме дека некој мисли и на нас, работниците“, „Благодарни сме за можноста да научиме многу нови работи“ и „Се чувствува промена“.

Оваа програма се реализира со поддршка на Амбасадата на Велика Британија во Скопје

Слични Објави