СЕМЕЕН ДЕН ВО ВИТАМИНКА ПРИЛЕП

Во Витаминка одржан семеен ден за вработените

Изминатиотј викенд, Витаминка организираше Семеен ден, каде беа присутни повеќе од 500 вработени заедно со нивните семејства од Прилеп, Штип и Скопје.
Еднодневниот настан кој се одржа во кругот на компанијата, беше исполнет со забава, спортски активности и дружење и создаде незаборавна атмосфера за сите присутни, истакнувајќи ја посветеноста на Витаминка за одржување на позитивен корпоративен дух и зајакнување на тимската работа.
„Семејниот ден е еден од настаните кои се од најголемо значење за нас, бидејќи ни дава можност да се поврземе на еден посебен начин, не само како колеги, туку и како големо семејство“, велат од компанијата. „Ова е можност за нашите вработени да ги запознаат своите колеги во неформална и пријатна атмосфера, додека нивните деца и семејства уживаат во забавата и
активностите“.
Програмата на настанот вклучуваше голем број активности за сите возрасти, од спортски игри до интерактивни работилници за децата, како и музичка програма со Викторија Лоба. Со создавање на можности за релаксација, дружење и тимско градење, Витаминка продолжува да се грижи за добросостојбата на своите вработени и нивните семејства.
Семејниот ден е дел од пошироките напори на компанијата за градење на позитивна работна култура и поттикнување на здрав баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот на своите вработени.

Слични Објави