„ПЕШТЕРИ“ на Марјан Темовски за 100 години „Златоврв“

Вчера, недела 29.09.2024 во 19 часот при Ликовниот салон на НУЦК Марко Цепенков – Прилеп и организација од Спелеолошкиот клуб Златоврв – Прилеп се одржа отворена изложба на фотографии „ПЕШТЕРИ“.

Избраните фотографии обработуваат игра со светлина и некои карактеристични елементи од пештери. На изложбата беа представени фотографии од пештери од Македонија, претежно од околината на Прилеп, Тиквешијата, Мариово, Порече и Галичица.

Автор на фотографиите е д-р Марјан Темовски, спелеолог и крстолог, председател и основач на Спелеолошкиот клуб Златоврв.

СК Златоврв е најстариот планинарски клуб во Македонија, оваа изложба воедно беше и една од активностите за обележување на 100 годишнината на клубот.

Во прилог следат дел од фотографиите што беа изложени во галеријата.

Изложбата е поддржана од Општина Прилеп и НУЦК Марко Цепенков.

Слични Објави