Снежана Лазарова Луна – ЖЕНАТА И СЕМЕТО НА ЖИВОТОТ

Во среда, 09.10.2024 година, во 12.30 часот, Дом на култура “Драги Тозија” -Ресен, ќе биде отворена изложба со уметнички слики од Снежана Лазарова Луна, изработени од бел ориз, црно семе синапово, бордо киноа семе и црвена леќа, во природни бои.

-Творештвото на Снежана Лазарова Луна во техника мозаик, започнува со семе од бел ориз и црно семе синапово. Со истражување и усовршување на технологијата,таа добива дела во мозаик, со црна и бела и неколку природни сиви нијанси, без дополнително обојување со бои, мастила, тушеви… Темите се разновидни, од мртва природа, пејсажи, до свети ликови. Целта на Снежана е да ја прикаже постигнатата хармонија во делата, преку само две семиња во дијаметрално спротивни бои. Во последните неколку години, уметницата, своето творештво го збогатува со уште две нови семиња, сончево просо, кое го симболизира Сонцето, изворот, црвено киноа семе, како симбол на љубовта и црвена леќа, како симбол на зората. Со новата комбинација на пет семиња, делата стануваат колоритни, а Снежана Лазарова Луна, добива можност на широк хоризонт за создавање на дела преку кои ја прикажува жената и љубовта во варијации.

Жената – семе на наследството

Семето – извор на животот

Па, така и Снежана ќе рече: ”Како што еден класт од ориз се намножува илјада пати, така го враќам многу пати тоа што ми е дадено”.

Слични Објави