Реализација на подземна инфраструктура во Индустриската зона Златен клас
Во тек е реализацијата на подземната инфраструктура во Општина Новаци, што вклучува спроведување на водоводна и канализациона мрежа на главната улица која ќе ја поврзи Индустриската развојна зона Златен клас. Градежните активности се финансираат од буџетот на општината. По завршувањето на оваа фаза, ќе следува асфалтирање на трите главни улици кои водат до Индустриската зона Новаци.