| |

Реафирмацијата на граѓанското учество во носењето одлуки

Колку општините се во служба на граѓаните? Колку можат граѓаните да ги решат своите проблеми, каде се најголемите пречи. Колку се отворени и транспарентни општините.

Дали нештата се промениле во последнава година, погледнете во изјавата на Александар Цветкоски и другите соговорници за емисијата „Програма на градовите“ – МТВ, дел од проектот „Отврени општини со отворени податоци“

– Зголемувањата на барањата за отчетност и транспарентност на локалните власти, регионалните авторитети и националните институцији за децентрализација, мора да се одвива преку првата стапка на таквата акција, а таа секогаш е иста: повишување и адресирање на јавното внимание на медиумите кон состојбата на децентрализацијата, рамнонерниот регионален развој и финансирањето.

Стимулирање и реафирмацијата на граѓанско учество во процесите на носење одлуки на локално и регионално ниво во Пелагонискиот Плански Регион (ППР), ќе ја зајакне побарувачката и јавниот притисок за отчетност и транспарентност на општините и ентитетите (институциите), кои тие ги формираат и/или раководат  и „централните тела“ за локален и регионален развој, а исто така ќе ги мотивира општините и институционалните актери да ја подобрат, комплетираат и зголемат понудата на е – услуги и отворени податоци, во јасни и разбирливи форми на информирање.

Ова се само дел од насоките,, препораките и целите кон подобрување на услугите кои заслужуваат граѓаните да ги добиваат од страна на општините и претпријатијата формирани од страна на општината.

Слични Објави