Владо Бучковски: Мојата „фабрика“ е играчка и спрема Груевски и спрема Заев

„Мојата „фабрика“ е играчка и спрема Груевски и спрема Заев“ кажува Владо Бучковски, поранешен премиер на Република Македонија и министер за одбрана во интервјуто, дел од проектот „Детски болести на демократијата“ реализиран од АГТИС Прилеп.

„Тоа е, реално, една детска играчка во споредба со она што се изгради во периодот на владеењето на Груевски, па и она што сега го продолжува Владата на Заев. Манипулациите  со јавноста мислам дека направија, и медиумската сфера сега да биде една од домашните задачи која треба да се уреди. Не само лажните вести и начинот на кој се глорифицираат некои потези, и друго, доведоа да имаме сериозна задача во медиумската сфера како што имаме задача во правосудството, администрацијата…  

Треба да покажеме дека имаме капацитет да изградиме едно демократско општество каде што медиумите по дефиниција мора да бидат коректив на власта, а не да бидат алатка на власта со која ќе се манипулираат граѓаните.“ – порачува Бучковски.

Содржината може да се сподели со наведување на изворот ОТВ Прилеп.

Повеќе на видеото.

Слични Објави

Напишете коментар