Пуштена во употреба најголемата фотонапонска централа ФЕЦ „Новаци“ на Балканот

Денеска беше свечено пуштена во употреба најголемата фотонапонска централа ФЕЦ „Новаци“ на Балканот со вкупен капацитет од 55 MW која се наоѓа во атарот на село Рибарци, Општина Новаци, Инвестицијатата е во вредност од 40 милиони евра.

Централата преку 101 062 те монтирани панели на површина од 57 хектари ќе има можност да снабдува со струја околу 30 000 домаќинства. Изградена е на приватно земјоделско земјиште со соодветна класа која има производен период од 25 години, а електричната енергија ќе ја продава на слободниот пазар. Се проценува дека годишно ќе произведува 85.000 MWh струја.

„ Општина Новаци во приватниот инвеститор Меј енерџи препозна голем потенцијал како можност за вработување на наши жители но и значаен придонес кон процесот на транзиција при производството на електрична енергија кон чисти извори на енергија. Токму затоа им дадовме голема логистичка и административна поддршка во целокупниот процес од почеток до крај.“ истакнуваат од Општина Новаци

Слични Објави