| |

ТРЕТ ФОРУМ НА ЗАЕДНИЦАТА ЗА ПРОЦЕСОТ НА ПРАВЕДНА ТРАНЗИЦИЈА

Во организација на Министерството за економија, општина Битола и невладината Еко Свест, денес се одржа третиот по ред Форум на заедницата за Програмата за праведна транзиција.

Форумите опфаќаат претставници на сите засегнати страни од јавниот сектор, образованието, науката, приватниот сектор и невладините организации, како форма за споделување на релевантни информации, прашања и одговори, споделувње на мислења и коментари од сите присутни учесници и формулирање на соодветни заклучоци и препораки.

На изминатите две форумски сесии, беа дадени голем број предлози и препораки, кои што доаѓаат од засегнатите страни во процесот, кои понатаму ќе бидат презентирани во со соодветните работни групи на национално ниво и земени предвид во финалните предлог мерки за имплементација на Инвестицискиот план за Праведна транзиција за Пелагонискиот регион. Предлозите ќе бидат дополнително обработени во документ кој ќе биде јавно достапен.

На оваа трета и последна сесија за овој период, беа донесени и неколку заклучоци. Според присутните, најважно е постојано да продолжи соработката и информирањето помеѓу сите страни, односно да има проток на информации од национално на локално ниво и обратно, со цел сите да имаат релевантни и навремени сознанија за текот на процесите.

На третата форумска сесија беа презентирани голем број законски регулативи кои се однесуваат на процесот на Праведна транзиција, а беше прикажан и практичен пример за искуствата од градот Велење во Словенија.

Слични Објави