ЗАВРШНИ АКТИВНОСТИ НА ПРОЕКТОТ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦИТЕ ВО ДОЛНО ОРИЗАРИ

Течат завршните работни активности на проектот за реконструкција на 11 краци во должина од 2.303 метри во село Долно Оризари.

Во согласност со изготвената проектна документација, претходно беше извршена реконструкција на водоводните приклучоци во вредност од 2.125.970 денари, како и на канализациони приклучоци во вредност од 561.680 денари. Целосната реконструкција во село Долно Оризари завршува со поставувањето на коловозот за што општината инвестира 11.088.000 денари.

Со реализација на овој проект, значително се подобрува инфраструктурата во Долно Оризари и се надминуваат долгогодишните проблеми на жителите.

Реализираните активности се дел од програмските заложби на градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски и локалната самоуправа, за подобрување на патната инфраструктура и во руралниот дел на општината.

Градоначалникот Тони Коњановски беше во обиколка на местата на кои се работи.

Фото: Општина Битола

Слични Објави