|

Програма за 3ти Ноември – Денот на ослободувањето на Прилеп

Со положување свежо цвеќе на спомениците на великаните од македонското ослободително дело, Методија Андонов Ченто, Кузман Јосифоски-Питу, на Могилата на Непобедените, како и кај меморијалниот комплекс Песјобрдце. во Прилеп ќе започне одбележувањето на Денот на ослободувањето на градот, 3 ноември.



Во рамки на програмата, Ротари клуб Прилеп ќе организира традиционален уметнички хепенинг, додека вечерта ќе биде збогатена со културни содржини: откривање на ѕвезда во чест на уметникот Коста Смилески и изложба на делата од ликовната колонија „Марко Цепенков – Дрен 2025“.

Oдбележувањето ќе биде заокружено со свечената седница во НУЦК „Марко Цепенков“, каде ќе бидат доделени признанијата „3 Ноември“. Оваа година признанија добиваат видни личности и институции кои оставиле силен белег во културата, науката, хуманоста, спортот и јавниот живот на градот и државата.

Слични Објави