Намалена издашноста на изворите на „Студенчица“, водата во селата да се користи разумно
Изворот Студенчица е намален, водата во селата да се користи разумно, штедливо и исклучиво за најосновните потреби.
Општина Крушево со изветување и апел – „Согласно известување од Регионалниот водоснабдителен систем јавното претпријатие „Студенчица“ Кичево поради намалување на издашноста на изворите се соочуваме со проблеми со редовното водоснабдување во населените места Норово, Алданци, Саждево, Борино, Врбоец, Св. Митрани, Пресил и Мало Бучин.
Замолуваме и апелираме водата да се користи на штедлив начин, односно за најосновните потреби на жителите на погоре наведените населени места. Колку порационално ќе се користи водата, толку подолго ќе биде водоснабдвањето во текот на еден ден.
Ви благодариме за разбирање за настанатата ситуација и уверени сме дека само со почитување на овие препораки и само заеднички можеме да ги поминеме овие периоди на послаба издашност на изворите.“