|

3 000 денари месечно за секој ученик од општина Крушево запишан во средното општинско училиште

“Во интерес на децата, на младите, на родителите, за нас, за нашето Крушево најавивме мерка и истата ја спроведуваме почнувајќи од оваа учебна година – 3 000 денари месечно за секој ученик од општина Крушево запишан во средното општинско училиште… До советот предложив, а советниците ги поддржаа мерките за поддршка на младите родители и мотивирање на учениците да продолжат со учење тука, во својот дом, во својата општина. За да ги поддржиме учениците, за да придонесеме за еднаков пристап до образование и да ги мотивираме да се запишат средно образование во Крушево донесовме одлука за 3 000 денари месечна финансиска директна поддршка за сите ученици од општина Крушево запишани во СОУ Наум Наумовски Борче Крушево. Учениците ќе ја добиваат финансиската поддршка во период од 9 месеци, односно до завршува на прва година образование тука. Оваа мерка важи за сите ученици од нашата општина запишани во СОУ Наум Наумоски Борче.” изјави градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски.

Слични Објави