Подарок книга за секој ученик во Демир Хисар по повод Месецот на книгата

Во рамки на одбележувањето на Месецот на книгата, Општина Демир Хисар и оваа година, во соработка со издавачката куќа „Матица Македонска“, реализира акција за подарување книги на сите ученици од општинските училишта.

Книгите се донација од познатиот македонски писател Раде Силјан, како поддршка за младите читатели и поттик за развивање на љубовта кон литературата и пишаниот збор.

Градоначалникот на Општина Демир Хисар, Никола Најдовски и директорот на Дом на култура „Илинден“ денес го посетија СОУ „Крсте П. Мисирков“ каде на пригодна средба со учениците беа поделени дел од донираните книги.

Активностите по повод Месецот на книгата продолжуваат и во текот на следната недела, со низа едукативни и културни настани посветени на промоција на книгата и читањето.

Слични Објави